Bible

Engage

Your Congregation Like Never Before

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

1 Corinthians 5

:
Macedonian - 2006
1 Од секаде се слуша дека кај вас има блудство и тоа какво што нема ду­ри ни кај незнабошците, односно дека некој држи таткова жена.
2 А вие уште се гордеете, место да плачете. Нека се исфрли од вашата средина оној што го направил тоа дело.
3 Јас, пак, иако со телото не сум кај вас, а само со духот, веќе го осудив, ка­ко да сум меѓу вас, оној што го направил тоа.
4 Во името на нашиот Господ Исус Христос, кога ќе се соберете вие и мо­јот дух, со силата на нашиот Господ Исус Христос,
5 да го предадете на сатаната, за по­гу­бување на неговото тело, та духот негов да биде спасен во денот на нашиот Гос­под Исус Христос.
6 Вашето фалење не е добро. Не зна­ете ли дека малку квас го потквасува целото тесто?
7 Затоа, исчистете го стариот квас, та да бидете ново тесто, како што сте бес­квасни; зашто Христос, Пасхата наша, беше жртвувана за нас.
8 Па да празнуваме не со стар квас, ниту со квас од злоба и лукавство, туку со пресни лебови во чистота и вистина.
9 Ви пишав во писмото свое да не се мешате со луѓе што блудствуваат,
10 но не и воопшто со блудниците од овој свет, или со користољупци, или со грабачи, или со идолопоклоници, зашто, инаку, би требало да излезете од овој свет.
11 Но сега ви пишувам да не се дру­жите со оној кој, нарекувајќи се брат, си останува блудник, или користољубец, или идолопоклоник, или хулник, или пијаница, или грабач; со таков дури и да не јадете.
12 Затоа, дали треба јас да ги судам надворешните? Нели ги судите вие внат­решните?
13 Надворешните, пак, ќе ги суди Бог, а вие исфрлете го лошиот меѓу вас.